27/04/2024
Струга

Фатени крадци на дело во Струга, следува пријава

На 25.01.2024 во 14:30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле 40-годишната Б.Т. од прилепското село Долнени и 47-годишната С.А. од селото Дебреште, прилепско. Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 26.01.2024 / МВР