28/03/2024
Македонија

Фатени рибокрадци во близина на угостителски објект на Дебарското езеро

На 23.04.2019 година во 12:30 часот, во близина на угостителски објект на Дебарското езеро, во незаконит риболов, затекнати се Ќ.Л. (50), Е.Л.(32) и С.Л.(39), сите од Дебар. Притоа, кај нив пронајдени се и одземени 42 килограми разновидна риба ставени во четири вреќи, пет рибарски мрежи во должина од околу 500 метри како и опрема за риболов.

Риболовците се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава за незаконит риболов.