27/04/2024
Македонија

Филипче: Само со масовна вакцинација ќе ја победиме пандемијата, друг начин не постои

Само со масовна вакцинација ќе ја победиме пандемијата, друг начин не постои. Вакцини има во доволна количина и сите се безбедни и ефикасни. Последните информации кои пристигнуваат од Европската агенција за лекови се дека вакцините се ефикасни и за новите соеви што ни влева многу надеж. Прашање на време е кога индискиот сој на вирусот ќе стане доминантен во Европа, затоа е важно што поголем број граѓани да се вакцинираат во овој период на стабилна епидемиолошка состојба. Само заеднички може да се заштитиме и да амортизираме евентуален нов бран наесен. #ВакцинирајСе