Филипче: Сè може да се надополни, освен здравјето

Сè може да се надополни – и дружбите и веселбите и излегувањата, и учењето и знаењето, и работата и патувањата. Здравјето не може да се надополни. Грижата за здравјето на нашите најмлади, на нашите родители, баби и дедовци, на соседите и хронично болните, на ризичните групи – тоа е приоритет во секоја наша одлука. И тука нема компромис! Одговорноста е на секој од нас, напиша министерот за здравство д-р Венко Филипче, на својот ФБ профил.