26/04/2024
Охрид

Финишира обуката за парамедици

Финишира обуката за парамедици според програмата PHTLS (Pre Hospital Trauma Life Support), што Црвен крст Охрид во соработка со Националниот здравствен сервис на Холандија, ја организира во Охрид.

Обука од овој вид, според европските стандарди и протоколи, за прв пат се спроведе во Охрид во септември 2016 година каде за потребите на Црвен крст Охрид беа обучени 16 парамедици. Во овој циклус кој се реализира во месеците септември и октомври 2018, 11 волонтери на Црвен крст Охрид претходно избрани според посебни критериуми од страна на инструктори-парамедици од Националниот здравствен сервис на Холандија во соработка со Црвен крст Охрид и Општинското средно медицинско училиште Кирил и Методиј од Охрид, ги совладуваа најсовремените знаења, вештини и техники во справување со најсложени ситуации и интервенции на укажување на прва помош, третман и реанимација на повредени, кои со високо професионален пристап, најсовремена опрема и нагледни средства, им ги презентираа тројца инструктори парамедици од Националниот Здравствен Сервис на Холандија.

Завршната свеченост и доделувањето на сертификатите на новите парамедици на Црвен крст Охрид е закажана за 05.10.2018 г. (петок) во просториите на Црвен крст Охрид со почеток во 13;30 ч.