28/03/2024
Охрид

ГДУ: Дали градоначалникот на Охрид знае дека кафичите и рестораните работат до 22:00?

Реакција на Даниел Јорданоски, носител на ИЕ 5 – ГДУ.

„Дали градоначалникот што ги поздравуваше уредбите на владата ги почитува истите?

Дали градоначалникот на Охрид знае дека кафичите и рестораните работат до 22:00?

Дали градоначалникот седи на маса со газда на локал кој пред скоро време добил тендер и уште еден советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали истиот тој градоначалник ќе го запре безредието и беззаконието со тоа што ќе руши плажи, а од друга страна не почитува закон? Како некој кој не почитува закон ќе спроведува по закон?

Или и градоначалникот како Мицко не знаел за новите правила?

СДСМ можете, но не сакате!

Можевте и во 2016, но и тогаш не сакавте.“ – стои во реакцијата.