25/04/2024
Охрид

Георгиески: Нека е честит и вековит 21-ви јуни Денот на Охридското Езеро

Охридското Езеро е нашиот најскапоцен дар од природата кој треба внимателно да го чуваме и вистински да го вреднуваме.

Привилегија е да се поседува една ваква уникатна убавина која е препознаена и запишана како светско природно наследство. Наша должност и обврска е да го заштитиме и да го оставиме како аманет за идните генерации.

Нека е честит и вековит 21-ви јуни Денот на Охридското Езеро.