26/04/2024
Охрид

Георгиески: Општина Охрид за само две години го намали долгот за повеќе од една милијарда денари

Општина Охрид за само две години го намали долгот за повеќе од една милијарда денари, како резултат на успешниот процес на раздолжување.

Враќањето на финансиската стабилност e еден од најважните приоритети на оваа локална власт и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија постигнат е евидентен успех, кој има огромно значење за идниот развој на општината.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните на Охрид!, напиша градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на својот ФБ профил.