28/03/2024
Охрид

Георгиески: Честитки до Пецаков за победата на изборите во Охрид

По завршувањето на Локалните избори 2021 на прес-конференција за медиумите кандидатот за градоначалник Константин Георгиески изјави:

„Упатувам честитки до Кирил Пецаков за остварениот резултат и победата на Локалните избори во Охрид и му посакувам многу успех и здравје!

На сите граѓани кои го дадоа својот глас за бројот 12 искрено им благодарам. Им честитам за одлучноста, за поддршката, за сполотеноста во заедничката цел да продолжиме по започнатиот пат. Но сепак мнозинството на граѓани во Охрид се одлучи за промени.

Ја почитувам демократската одлука на охриѓани, се надевам дека го направија вистинскиот избор.
Им благодарам на сите соработници, сопартијци во целокупната кампања, теренската работа и борбата за подобра иднина за нашиот град. Охрид е наше најскапоцено богатство и заслужува да оди напред, охриѓани ги заслужуваат најдобри политики, најдобри проекти и многу работа!
Чест ми е што во изминатите 2,5 години му служев на Охрид и на охриѓани. Задоволен сум и горд на сите проекти кои ги реализиравме и сите успеси кои ги остваруивме во изминатиот период. Носевме храбри и важни одлуки со кои се направи историски напредок. Ја раздолживме општината, го сочувавме статусот на УНЕСКО и значително ги подобривме условите во инфраструктурата и обрзованието. Оставаме голем број готови проекти, кои се надевам дека новата локална власт успешно ќе ги реализира.

Уште еднаш им благодарам на сите граѓани за довербата и целокупната поддршка до сега! Мојот интерес и мојот избор секогаш ќе биде Охрид и чест ми е што имав можност да работам за доброто на овој прекрасен град!“ – изјави Георгиески.