27/04/2024
Македонија

„Голф“ излетал од патот Осломеј – Кичево, возачот загинал на лице место

На 29.08.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, во непосредна близина на крстосницата за с.Осломеј кај место викано „Бороите“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(66) од с.Поповјани излетало од коловозот.

Притоа, од здобиените повреди на местото помчинал возачот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.Р.(42) од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.