16/04/2024
Охрид

Градоначалникот Георгиески на средба со директорот на архивот Крстески и раководителот на подрачното одделение во Охрид, Митровиќ

По повод 70 годишнината од основањето на Државниот архив на Република Северна Македонија, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески оствари средба со директорот на архивот д-р Емил Крстески и раководителот на подрачното одделение во Охрид, д-р Никола Митровиќ.

Заедно потенциравме дека оваа значајна државна институција е вистински чувар на нашата историја и култура. Архивот поседува илјадници оригинални документи, писма, фотографии и други материјали од познати историски личности, општествени дејци, како и документи од најзначајните политичко-историски процеси, настани и личности кои со своето дејствување и работа оставиле трага во минатото.


Се разговарало и за можностите за продлабочување на соработката со Локалната самоуправа како и за можнoстите за креирање и имплеметирање на заеднички проекти кои би биле од големо значење за Охрид, како еден од најважните културно историски центри во нашата држава.