26/04/2024
Охрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со градоначалничката на Измит, Фатма Каплан Хуриет

Протоколарна средба, денес, оствари градоначалникот Кирил Пецаков со градоначалничката на Општина Измит, Република Турција, Фатма Каплан Хуриет.

На средбата беше потенцирана веќе добрата воспоставена соработка помеѓу Охрид и институциите и општините од Турција. Соговорниците разговараа за размена на искуства во областа на туризмот, но и за воспоставување соработка и во други области.

Договорено беше да се организира и возвратна посета на Измит од страна на делегација од Општина Охрид со цел унапредување на меѓусебната соработка.

Izmit_26072022001Izmit_26072022002Izmit_26072022003


WebOhrid / 26.07.2022 / Општина Охрид