19/05/2024
Охрид

Градоначалникот Пецаков со честитка за Велигден

Градоначалникот Пецаков упати честитка по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

„Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни во секој дом. Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, е возвишен ден, бидејќи е ден во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. На овој празник го славиме животот и победата на смртта.

Нека ни биде честит Воскресението Христово и Господ да ни подари сила, верба и истрајност, да го негуваме и сочуваме се она што ни го дарил.

За многу години!“ – стои во честитката.