Граѓаните реагираат: Интензивни градежни активности во Даљан и покрај забраната
И покрај тоа што Општина Охрид донесе одлука за забрана на секакви градежни активности од 1 јули на целиот потег од Билјанини Извори до реката Даљан што се наоѓа јужно од булеварот Туристичка, веќе втора недела до хотелот Магнус во населбата Даљан си продолжуваат со градежни активности на изградба на огромна зграда, а во радиус од само 50 метри се наоѓаат повеќе населени станбени згради, па ни се трпи ни се издржува, од 4 саатот сабајле па цел ден бувтет, трескет, користат тешка механизација, моторни пили, сечат железа, ни се спие, ни се издржува, повеќе пати е реагирано до Општина Охрид и не сакаат воопшто да реагираат.
Јас сфаќам дека не им гајле за туристите и туристичката сезона, но овде има луѓе што постојано живеат па и ние имаме душа, па и ние сакаме да одмориме, на крај краишта Општина Охрид треба да им служи на граѓаните, па ние ги плаќаме од нашите даночни пари за нивните институции да им служат на граѓаните, да ги заштитуваат, а не вонзаконски да им служат на нечии туѓи интереси на штета на сопствените сограѓани.
Пред неколку дена “фрлија“ нова плоча на зградата, па одма ги шаловаа стубовите за наредната плоча, еве денес и стубовите ги направија, во прилог ви испраќам фотографии како денес машински со миксер за бетон на лице место ги полнат стубовите за наредната плоча.

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност
