14/06/2024
ОхридРеклами

Грижата за оралното здравје е инвестиција во себе

Јубилеите се причина за славење. Оваа година, Стоматолошката ординација „Д-р Сашо Стоев“ од Охрид заокружува 12 години успешно постоење и грижа за оралното здравје на голем број пациенти како од градов и земјава така и од странство. Тоа беше повод и за овој наш разговор со Д-р Сашо Стоев и Д-р Кристина Стојаноска Алоска, тимот на доктори од оваа ординација. Ви го пренесуваме нивното мислење за нивото на здравствена култура кај пациентите, нивните предизвици во работата со пациентите и едукација на истите за важноста на оралното здравје.

Оралното здравје претставува една навидум запоставена категорија во културата на живеење на луѓето и вреднувањето на истото е сведено на минимум. Од различни причини, години наназад луѓето не обрнуваат доволно внимание на оралното еднакво како што се грижат за општото здравје. Оралните проблеми излегуваат на површина тогаш кога пациентот се соочува со стоматолог односно при стоматолошки преглед. Од тие причини, се трудиме сите пациенти без разлика на возраст и пол, како дел од здравствена култура, да доаѓаат на стоматолошки прегледи два пати годишно, а не само кога имаат проблем.

Добро оформената и стекната навика за одржување на правилна и редовна орална хигиена, по правило се задржува цел живот, а тоа е еден од предусловите за зачувување на здравјето на устата и забите.

Горди сме што нашиот труд вложен низ овие 12 години за подигнување на свеста за грижата за оралното здравје вродува со полод, па наши чести пациенти, освен возрасните се повеќе се децата.

Освен пациенти од Охрид и Македонија воопшто, летниот период нашата ординација веќе редовно години наназад ја посетуваат и пациенти од странство, кои задоволни од добиената услуга доаѓаат повторно, па така со задоволство може да кажеме дека Охрид полека станува и дентална туристичка дестинација.

Стоматолошката ординација е место за грижа на Вашето орално здравје. Не дозволувајте стравот или срамот да Ве натераат да игнорирате ситен проблем кој потенцијално може да порасне во нешто посериозно.

Никогаш не е доцна да почнете да се грижите за Вашите заби. Секогаш сте добредојдени во стоматолошката ординација „Д-р Сашо Стоев“ во Охрид.

www.drsasostoev.com    FB: Sasho Stoev