17/05/2024
Спорт

ГРК Охрид го победи Пролет со 29:22 и обезбеди пласман во Европа

ГРК Охрид обезбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпреварот од 12 коло од плеј-офот. На две кола до крајот на првенството „Гладијаторите“ на четвртото место имаат недостижна предност од 7 бода во однос на петтопласираниот Тиквеш.

Пласманот во Европа ракометарите на Охрид го прославија со верните „Рибари“, а првите честитки по мечот пристигнаа од градоначалникот Кирил Пецаков, кој е еден од најголемите поддржувачи на клубот.

Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Бркиќ, Ојлески 3, Андоновски, Мацуока 2, Јукиќ 2, Стоилевски, Дрогришки 1, Тасески 3, Шафранко 4, Куковски, Крстевски, Шешиќ, Орјоникидзе 6, Бојаниќ 1, Цирар 7.


WebOhrid / 02.05.2024 / ГРК Охрид