02/05/2024
Охрид

Хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ повторно на репертоарот на 7-ми и 8-ми март

На барање на публиката хит комедијата „Секс, лаги и љубомора“ од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, повторно на репертоарот во деновите 7-ми (четврток) и 8-ми (петок) март 2024 година, со почеток во 20:00 часот.

Улогите ги толкуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ-Вељаноска и Марија Новак.

Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.

„Напоменуваме дека билетите се пуштаат на билетара во понеделник 04.03.2024 година, од 09:00 до 19:00 часот. Резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принципот ПРВ ДОЈДЕН-ПРВ УСЛУЖЕН (една личност може да купи најмногу 6 карти) Ви благодариме за разбирањето!“  – информираат од НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.


WebOhrid / 01.03.2024 / НУЦК „Григор Прличев“ Охрид