24/04/2024
Охрид

Хуманитарна акција „Желба наша за радост ваша“ во ОУ „Григор Прличев“

Денес се реализира хуманитарната акција „Желба наша за радост ваша“ во ОУ „Григор Прличев“ –Охрид, со поддршка на охридските „Тамаро“ маркети.

Учениците и оваа година напишаа желби и замисли кои би сакале да им се остварат. Желбите ги „затворија“ во пластичните кутивчиња од Киндер јајцата кои ги купија од „Тамаро 7“ маркетот. Кутивчињата ги ставија на Дрвото на желбите во училишниот двор, за по празникот Велигден повторно да бидат ставени во „временската капсула“.

Колку што е богата детската фантазија, толку е силна желбата да се помогне. И оваа година ќе му биде овозможена помош на ученици од социјално загрозени семејства.