28/04/2024
Охрид

Илинденска прослава во Рамне со Стојне Николова

По повод претстојниот македонски верски празник Илинден и патронот на село Рамне Св. Пророк Илија, на ден 01.08.2023 година  (вторник), со почеток во 20:30 часот се организира голема Илинденска прослава!

Вечерта ќе ја збогати ексклузивната Стојне Николова!

Се покануваат сите добронамерни верници на оваа Илинденска прослава во Рамне.

„Ве очекуваме во поголем број заедно да го прославиме овој голем наш македонски празник!“ – повикуваат од  Иницијативниот одбор Св. Пророк Илија с. Рамне.