05/05/2024
Македонија

In Memoriam: Ферус Мустафов

По кратко боледување, синоќа почина Ферус Мустафов. Тој на 26 април беше примен во Градската општа болница „8ми Септември“ во Скопје откако претрпе мозочен удар. Веста за неговата смрт утрово ја соопштија членовите од неговото семејство.

Ферус беше македонски кларинетист и саксофонист, познат како „Кралот на ромската музика“.

Ферус Мустафов беше роден на 20 декември 1950 година во Штип.

Погребот ќе се изврши во неговиот роден град.