26/04/2024
Охрид

In Memoriam: Почина Ило Кафеџиоски (Кафе)

Вчера во Охрид на 70 годишна возраст почина Ило Кафеџиоски – Кафе познат во јавноста како автор на три поетски збирки и како фудбалер, судија, делегат и контролор.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ упатува сочувство до семејството и неговите најблиски пријатели и роднини. Охрид останува без уште еден посветен автор и вљубеник во поезијата.

Неговите песни извираат од тековите на животот и за животот. Сите до една се „исплетени“ со избрани стилски фигури и емоции, чувства со идеали и визии со стил близок за сите генерации,“ пишуваа критичарите за творештвото на Ило Кафеџиоски – Кафе.

Последната негова стихозбирка „Созвездие низ магичниот круг“ беше промовирана токму во Библиотеката во Охрид, лани на 31 јули.

Кафеџиоски е автор и на стихозбирките: „Во кругот“ и „По кругот“. Во средината на осумдесетите бил иницијатор за формирање на литературниот клуб „Сердарот“ и бил негов прв претседател.

Посмртните останки на Кафеџиоски денеска беа погребани на гробиштата во Велгошти.