29/03/2024
Охрид

Инфо сесија „Со дигитална трансформација до иновација“ во Касарна Хаб

Во четврток на 26-ти јануари 2023 година со почеток во 11 часот во Старт-ап центарот Касарна Хаб во Охрид ќе се организира информативен настан за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација“.

Настанот се организира со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската агенција за развој SDC, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост.

Во рамки на двочасовната агенда предвидена е презентација на основните услови и процедури за доделување на средства во рамки на јавниот повик „Со дигитална трансформација до иновација“, а ќе бидат презентирани и реални примери за дигитализација и дигитална трансформација.


WebOhrid / 24.01.2023 / Општина Охрид