24/04/2024
Македонија

Информација за платено политичко рекламирање на СДСМ во кампањата за локалните избори

Информација за платено политичко рекламирање на СДСМ во кампањата за локалните избори

Почитувани,

Водејќи се од воспоставениот принцип на отчетност, одговорност и транспарентност, ја инфомираме јавноста дека за време на кампањата за двата круга на локалните избори, коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се рекламираше на повеќе национални, регионални и локални телевизии.

Во рамки на платената политичка програма, на националните телевизии, СДСМ и коалицијата застапена е со:

Вкупно 49.899 секунди платена политичка програма во двата изборни круга на Телевизија 24, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало:73.602 евра.

Вкупно 35.463 секунди во двата изборни круга на Канал 5 што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало: 106.389 евра.

Вкупно 32.974 секунди во двата круга на Телевизија Сител, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало: 155.637 евра.

Вкупно 27.447 секунди платена политичка прорама во двата изборни круга на Телевизија Алсат М, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот, би изнесувало: 71.249 евра.

Вкупно 19.825 секунди платена политичка програма во двата круга на Телевизија Телма, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот, би изнесувало: 93.578 евра.

СДСМ и коалицијата се рекламираше и на неколку регионални и локални телевиизии, радио станици, интернет портали и печатени медиуми.

Напоменуваме дека информациите што се појавија во одредени медиуми околу издвоените средства за медиумско рекламирање на СДСМ во предизборната кампања се однесуваат на доспеани и платени фактури до периодот за којшто се однесува поднесениот финансиски извештај доставен согласно законските прописи.

Вкупните трошоци за време на кампањата како и за платената политичка програма, согласно законот, ќе бидат наведени во финанскиот извештај којшто ќе го опфаќа целиот период, до завршување на кампањата односно до затворање на сметката.

Во сличен сооднос СДСМ и коалицијата емитуваше платена политичка програма на националните, регионалните и локалните телевизии, како и на радијата, интернет порталите и печатените медиуми и за време на последните парламентарни избори во 2016 година.