19/03/2024
Охрид

ИПА – регион Охрид ќе се вклучи во хуманитарната акција за помош на малата Мила Димоска

Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, активно ќе се вклучи во хуманитарната акција за помош на малата Мила Димоска од Охрид која има потреба од ИТНО лекување во Кина. Поради тоа, а по упатениот апел од нејзините родители, членовите на Интернационалната полициска асоцијација – регион Охрид, ќе ја покажат својата хуманост и солидарно и доброволно ќе помогнат во обезбедувањето на неопходната сума потребна за нејзината трета по ред операција во Кина. Членовите на интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, својата хуманост ќе ја искажат со доброволно донирање на парични средства и со телефонско јавување од своите приватни мобилни телефони на посебните телефонски линии наменети за таа цел VIP 143 123 и TELEKOM 070 143 143.

Помошта може да се уплати и на следнава сметка за донации:

Мила Димоска, ул. „Богомилска“ бр. 53, 6000 Охрид
Охридска Банка – АД Скопје – 530500021204351
матичен број: 2112016455202
IBAN CODE: МК07530280005506949
SWIFT: OHRIDMK22

„На овој начин искрено сакаме да го дадеме својот придонес во собирање на потребните парични средства за Мила и од срце и посакуваме успешна операција, добро здравје, да се врати меѓу своите другари, да има среќно детство и заедно со семејството да им се радува на убавините на животот.“ – информираат од Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид.