29/04/2024
Охрид

Ивона Куноска од Пештани – најдобар „Млад библиотекар“ за 2023

На 7 април во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев во Охрид се одржа Регионалниот натпревар Млади библиотекари“.

На натпреварот беа поканети сите Основни општински училишта од Охрид и Дебрца а се натпреваруваа ученици и ментори од 6 училишта, со вкупно 13 ученици.

На 13 април беа објавени резултатите од натпреварот на кој Комисијата во состав: Никола Ристовски – претседател, Бети Лазеска – Симоноска и Христина Трпеска – членови соопшти дека најсолидни одговори на тестирањето покажала ученичката Ивона Куноска од ООУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани. Таа освои 84 од вкупно 100 поени. Наставник – ментор на ученичката е Емилија Митреска.

На сите натпреварувачи и ментори во знак на благодарност НУ Библиотека „Григор Прличев“ им додели благодарници и книги, а првонаградената Куноска на 12 мај ќе учествува на Државниот натпревар Млади библиотекари, кој ќе се одржи во Кочани.


WebOhrid / 18.04.2023 / НУ Библиотека „Григор Прличев“