26/04/2024
Охрид

Избувнал шумски пожар во атарот на Свињиште

Вчера во 18:30 часот во атар на с.Свињиште-охридско, избувнал шумски пожар, при што била зафатена дабова шума.

Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид биле преземени мерки за локализирање и гаснење на пожарот кои ќе продолжат и во текот на денешниот ден.