28/04/2024
Дебрца

Изгоре куќа во Требеништа, едно лице почина, а две се здобија со изгореници

На 10.11.2023 година во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца, сопственост на Б.Н.(77) од истото село, настанал пожар, во кој таа го загубила животот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Според пријавеното, во куќата се наоѓале и нејзиниот сопруг Б.Т.(79) и нејзината сестра Б.Н.(70), која се здобила со повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општата болница во Охрид.

Во гаснење на пожарот интервенираше Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото изврши увидна екипа предводена од јавен обвинител.


СВР Охрид / 10.11.2023 / фото: ТППЕ Охрид