26/04/2024
Охрид

Изложба на експонати работени во батик техника – на свила во Куќата на Уранија – МАНУ

Утре вечер, 25 јули, во 20 часот, во рамките на Научната и уметничка визита – Охрид 2019, во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид, ќе биде отворена изложбата „Цртеж на свила“ од Лена Зафировиќ, архитект.

Изложбата ќе трае до 1 август со 16 експонати со различни големини (од 40 см па се до 260 см) работени во батик техника – на свила.

Темите се инспирирани од средновековни фрески, ангели, маски грации, подводен свет и флора.

Авторката на сликите, познатиот архитект Ленче Зафировиќ од Белгради е добро позната на охридската публика.

Нејзиниот талент го има вградено и во низа архитектонски и ентериерни решенија низ Охрид.

Инаку, ова е нејзина втора изложба пред љубителите на уметноста во нашиов град и нејзин своевиден јубилеј – 25 години од првата нејзина изложба на батик , организирана во Куќата на Робевци.

Со пригодна реч за уметничкиот пат на авторот, изложбата ќе ја отвори, д-р Зорица Блажевска професор на Архитектонскиот факултет, при УКИМ Скопје.

В.М.