22/06/2024
Охрид

Изработена техничка документација за реконструкција на три охридски улици

Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Охрид доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“ и „Кленоец“.

Официјалните записници за примопредавање на техничката документација беа потпишани денеска на пригодна свеченост која се одржа во Министерството за финансии, во присуство на Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Марко Мантованели.

На настанот присуствуваа Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски и Раководителот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Томе Нанески.

Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што се имплементира преку посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбедени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините во Република Северна Македонија.