27/04/2024
Македонија

Известување до граѓаните од АД „Пошта на Северна Македонија“

АД „Пошта на Северна Македонија“ информира дека во периодот 07.02.2022 – 08.02.2022 од страна на граѓани информирани се дека во име на Пошта се испраќаат мејлови со информација за пристигната пратка. За подигање на пратката потребно е сопственикот на мејлот да плати надомест од 10.2 денари со пополнување на форма за електронско плаќање. За таа цел странката треба да пополни полиња со лични податоци (име, презиме и број на електронска картичка). Пораките се испратени од различни електронски адреси – домеин macedoniapasoam.com.

Дека се работи за измама се констатира со фактот што формата за наплата не соодветствува со изгледот на формата за електронско плаќање на страницата postashop.mk.

Од страна на службите во Пошта веднаш е реагирано со испраќање официјални соопштенија до медиуми и известување дека станува збор за злоупотреба на името А.Д. Пошта на Северна Македонија со што се нарушува угледот на претпријатието, а долгорочно се нанесуваат и материјални штети во работењето. Исто така и деловните соработници Халкбанка АД Скопје на нивните официјални профили по социјалните мрежи предупредија на претпазливост при користење на податоците за електронско плаќање.

Од гледна точка на безбедноста на информацискиот систем, злоупотребата не е направена со упад во доменот на Пошта, па затоа не се компромитирани мрежата, доменот и подататоците кои Пошта ги обработува за извршување на своите работни процеси. Не е искористен мејл серверот за испраќање на мејловите, туку само името кое стои како испраќач на електронската пошта.

И од технички и од безбедносен аспект Секторот за Информатичка технологија и Одговорното лице за сигурност на информацискиот систем со внимание ја следат состојбата со што би се спречила понатамошна злоупотреба со евентуални посериозни размери.


WebOhrid / 15.02.2022 / АД „Пошта на Северна Македонија“