29/02/2024
Охрид

Известување – добитници на проектите по однос на јавен повик за финансирање на проекти и програми од јавен интерес

Се известуваат добитниците на проекти по однос на јавен повик за финансирање на проекти и програми од јавен интерес на општина Охрид за 2020 година, дека потпишувањето на договорите ќе се врши на ден 19.06.2020 (петок) и 22.06.2020 година (понеделник) во просториите на Архивата на општина Охрид во периодот од 09 до 15 часот (одговорно лице: Петар Бакалов).  Овластените потписници на правните лица со себе треба да носат и печат на правното лице, а физичките лица мора лично да го потпишат договорот.

На веб страната на општина Охрид е објавен и формуларот кој е задолжителен при поднесување на наративниот и финансиски извештај доставен до општина Охрид по реализацијата на проектите.

НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ПО „ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2020“