Извлечени полуфиналните парови од фудбалскиот Куп на Македонија
Во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени паровите за полуфиналето од Купот на Македонија. Актуелниот освојувач на трофејот, тимот на Академија Пандев во полуфиналето ќе се соочи со екипата на Брегалница. Шкендија – Струга Трим Љум е втората полуфинална двојка.
Полуфинални парови од Купот на Македонија:
Академија Пандев – Брегалница
Шкендија – Струга Трим Љум
Првите натпревари се закажани за 8-ми април, додека реваншите на 6-ти мај.