19/04/2024
Македонија

Јавен повик во рамки на Словачката национална програма за мобилност

Се информираат сите заинтересирани граѓани дека во тек е јавен повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност за студиски престој на странски универзитетски студенти, студенти на докторски науки, универзитетски наставници, истражувачи и уметници на словачките јавни универзитети за академската 2019/2020 година.

Словачката страна ја покрива стипендијата која вклучува трошоците за живот на стипендистот (сместување, исхрана и тн.) за време на неговиот студиски престој, истражување, предавање или уметнички престој.
Патните трошоци за повратен автобуски билет до и од местото на студирање ги покрива Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страната: www.scholarships.sk

Апликациите треба да бидат доставени електронски преку веб страната: www.scholarships.sk до 30 април 2019 година, 16:00 централно европско време и 31 октомври 2019 година,16:00 централно европско време (студиски престои за летниот семестар во тековната академска година).