21/05/2024
Македонија

Јавен повик за пријава на поетски трудови за збирката поезија „Мостови на пријателство 6“

Здружението ДИВАН со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија објавува ЈАВЕН ПОВИК за пријава на поетски трудови за збирката поезија “МОСТОВИ НА ПРИЈАТЕЛСТВО 6”. 

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ: 

Право на учество имаат сите афирмирани и неафирмирани автори постари од 16 години кои пишуват поезија, под следните услови: 

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВА: 

  • Авторот испраќа ЕДНА песна со должина од 12 до 20 стихови на мејл адресата: divan.mk@hotmail.com со назнака „за Мостови на пријателство 6“. 
  • Песната се потпишува со податоци на авторот (полно име и презиме, адреса, број на телефон, пократка биографија и личен мејл).
  • Песната се праќа во Word, (Times New Roman, големина на букви 12, проред 1.5) задолжително ЛЕКТОРИРАНА.
  • Песната да е напишана на босански или македонски јазик. Авторите кои пишуваат на други јазици може да испратат песна на својот ЈАЗИК со превод – препев на босански или македонски јазик (двојазично).
  • ТЕМАТА на конкурсот е СЛОБОДНА.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 

Јавниот повик е отворен од 12.03.2022. до 08.04.2022 година. 

СЕЛЕКЦИЈА НА ПОЕТСКИ ТРУДОВИ 

  • Од пристигнатите поетски творби комисија ќе ги избере најдобрите кои ќе бидат објавени во заедничката збирка.
  • Трудовите кои не ги задоволуваат условите на јавниот повик нема да бидат разгледани.
  • Имињата на авторите застапени во збирката ќе бидат објавени на ФБ страницата – Udruženje Divan.

НАПОМЕНА: 

Со апликацијата на овој јавен повик авторите се согласни да нивните авторски творби бидат објавени во збирката и на ФБ страницата – Udruženje Divan. За трудовите не се плаќа хонорар, ниту трудовите се враќаат на авторите. 

Ги молиме авторите да ги почитуваат правилата на јавниот повик и рокот за испраќање на поетските творби! 

СРЕЌНО!


WebOhrid / 11.03.2022 / Здружение Диван