02/05/2024
Охрид

Јавна дебата на тема „Катна гаража – нова можност за Охрид“

Јавна дебата на тема: „Катна гаража – нова можност за Охрид“ денес во општина Охрид.

Претставници на локалната самоуправа, експерти, граѓански сектор, претставници на политички партии, претстваници на политички подмадоци, архитекти и сите заинтересирани граѓаните, денес имаа можност да дискутираат на тема „Катна гаража – нова можност за Охрид“.

Оваа дебата има за цел да ја анимира охридската јавност во врска со едно од најекспонираните локални прашања изминатиов период, со што би се овозможил поголем увид на јавноста во актуелните случувања, динамиката и останатиот дел од активностите што локалната самоуправа ги спроведува по ова прашање, бидејќи темата е кај политичките партии е актуелна само во предизборниот циклус, се дискутираше за постапките на овој проект, документацијата, досегашните активности, за предложената локација и за исплатливоста на проектот.

Учесниците на јавната дебата имаа можност да ја проследат и презентацијата на урбанистичката анализа на физибилити студијата за катната гаража (SWOT анализа) како и компаративната анализа со други катни гаражи во земјава и регионот, подготвени од „Колектив“ АРХИД“.

За важноста на програмската определба и имплементација на проектот катна гаража во Охрид, збор зема Љупчо Танески, претставник од општина Охрид, додека за преспективите за катната гаража говореше Живка Ангелоска, член на советот на општина Охрид од редовите на СДСМ.

За катната гаража и предизвиците за културното наследство на Охрид, на јавната дебата говореше Горан Патчев, вработен во НУ Завод и музеј – Охрид, додека како засегната страна, како граѓанин и како претставник на Еколошкото друштво „ЕКО ЛАГ“- Охрид, говореше Митко Кузманоски.

Јавната дебата беше имплементирана од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во државата“ поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, а спроведуван од Меѓународната фондација на изборни системи (ИФЕС).

Шестмесечната иницијатива во рамки на горенаведениот проект е насловена како: „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“ која што ја имплементира Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ – Охрид кој имено е и единствен грантист од подрачјето на општина Охрид.

„На еден начин ние претставуваме мост помеѓу Локалната Самоуправа од една страна и граѓанското општество од друга страна, се со една цел, граѓаните да добијат порелевантни и потранспраентни податоци, во однос на што е она што локалната самоуправа го спровела, во делот на изградбата на катната гаража. Нашата цел е граѓаните да добијат точни и стручни информации од страна на експертската јавност во делот на изградбата на катната гаража“ – вели Д-р.Никола Ѓоршоски – координатор на проектот.

„Како мобилизатор на заедницата, целта беше дополнително запознавање на охридската јавност со едно од најекспонираните локални прашања, преку пренесувањето на најважните поенти од дебатата да се продлабочи и зацврсти релацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, што пак би резултирало со потранспарентна и поотчетна локална власт, како предуслов за добро владеење и демократски развој“, вели Елена Ристеска, мобилизатор на заедницата.


WebOhrid / 31.03.2023 / Здружение „Инклузија“ Охрид