ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ со свеченост ќе го одбележи патрониот празник

Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, на 7ми ноември (вторник) со свеченост ќе го одбележат патрониот празник на установата.

По повод патронатот, дечињата и воспитните тимови реализираа проект „Музиката и раниот детски развој“. На завршната приредба под мотото „Децата низ жанровите на музиката“ на 7 ноември во 17:00 часот во СЦ „Билјанини Извори“ децата ќе покажат како влијае музиката врз нив и што научиле за неа.

Вработените и дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ ги покануваат сите охриѓани на незаборавна забава.

WebOhrid