26/04/2024
Македонија

К-15 мора да се исплати: Колку пари треба да добиете?

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство.

Износот на К-15 за секој вработен во Македонија треба да се движи во интервал од 9.123 до 13.403 денари.

Доколку истата пресметка ја адаптираме на најновите податоци на ДЗС за месец август, тогаш износот на К-15 за 2017 година би бил уште поголем во однос на бројките добиени за месец јули. Така, минималниот износ на к-15 би бил 9.164 денари (40% од 22.912 – просечна нето плата по вработен за август), а максималниот износ би изнесувал 13.470 денари (40% од 33.675 – просечната бруто плата по вработен за август.

Обврска за исплата на К-15 имаат сите работодавачи од приватниот сектор. Оние кои нема да го исплатат, освен со парична ќе се соочат и со казна затвор.

Извор: НетПрес