26/04/2024
Охрид

Кај Пештани запленети рибарски мрежи со 100 парчиња охридска белвица и 19 парчиња грунец

На 03.01.2021 во периодот од 17.00 до 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во содејство со претставници од Државен инспекторат за земјоделство, наспроти Пештани, во близина на брегот на езерото пронашле четири рибарски мрежи со должина од по 50 метри и три рибарски мрежи со должина од по 100 метри, со вкупен улов од 100 парчиња риба охридска белвица и 19 парчиња риба грунец. Риболовниот алат бил однесен во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.