24/07/2024
Македонија

Ќе се одбележи 5ти јуни Светскиот ден на животната средина

Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина, во соработка со Град Скопје и општините во градот, колективните постапувачи со отпад ПАКОМАК и НУЛА ОТПАД , ЈПКомунална Хигиена, ЈСП, Титан УСЈЕ и Скопска Пивара организира забавно-едукативен настан со кој ќе се вклучи во глобалното одбележување на 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина. Годинашново одбележување на овој  значаен еколошки ден е посветено на глобалните заложби за намалување на загадувањето од пластика.

Настанот ќе се одржи на 5 Јуни 2018 г. (вторник) од 10:00-12:00 часот, во Градскиот парк во Скопје, на отворената бина „Школка“.

Преку игра, песна, едукација, еко-трикови околу 300 ученици од 9 скопски основни училишта кои во текот на учебната 2017/2018 година собраа најмногу пластични шишиња и ги предадоа за рециклирање на ПАКОМАК, ќе ја пратат пораката дека се подготвени да го сменат своето однесување кон пластиката и со тоа да се грижат за животната средина, живиот свет и сопственото здравје.

На настанот ќе се обратат заменик министерот за животна срединаи просторно планирање Јани Макрадули,  градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, претставникот на УНЕП Искра Стојанова и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.

Проследете го официјалното видео на УНЕП за одбележување на 5 –Јуни на следниот линк: https://www.facebook.com/MacedoniaMOEPP/videos/985370811638523/?t=4