18/04/2024
Писма/Колумни

Кога ќе престане да се депонира отпад на патот кон Рамне?!

Секојдневно никнуваат нови депонии по патот до село Рамне, и покрај тоа што Рамне спаѓа во Националниот парк Галичица.

Несовесните граѓани од Охрид продолжуваат да ја загадуваат природата на Националниот парк. Во повеќе наврати забележуваме натоварени приколки од автомобили со разновиден отпад, од кабаст отпад до градежен отпад кои се упатуваат на кај село Рамне и тука го депонираат отпадот.

Бараме надлежните од Ј.П. „Охридски Комуналец“ да реагираат да се подигне отпадот, а од страна на Н.П. „Галичица“ и комуналните инспекции бараме да излезат на терен и ригорозно да ги казнат несовесните граѓани.

Група граѓани

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.