20/04/2024
Охрид

Колони автомобили на бензиските пред поскапувањето на горивата

Колони автомобили чекаат ред на бензиските пумпи пред поскапувањето на горивата кое ќе следува по полноќ. 

Не се достапни сите пумпи, работи само по една за бензин и дизел, точењето оди премногу бавно.

Од полноќ, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,50 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 10,00 денари/литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 9,00 денари/литар, додека пак Мазутот М-1 НС се зголемува за 6,149 денар/килограм.


WebOhrid / 07.03.2022