Комедија со „Жена ми се вика Борис“ гостува во Охрид
Театар Комедија вечерва, со почеток во 20:00 часот ќе гостува во Народен театар- Охрид со хит претставата „Жена ми се вика Борис“, во режија на Синиша Евтимов …
„Жена ми се вика Борис“, како што велат од Комедија, ги ревидира моралните кодекси на однесување, а дејството во пиесата е адаптирано и локализирано во македонски контекст, каде ќе го препознаете менталитетот и стереотипите на современото живеење на семејствата на некои овдешни политичари и успешни бизнисмени.
Прељубата, лагата, интригата и страста се вонвременски теми, врз кои се градат заплетите во оваа комедија и ќе ве држат со широка намесвка во текот на целата претстава.
Охридската публика во претставата ќе може да ги види актерите: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мими Поповска – Ристов, Ева Скендеровска, Жаклина Петровска, Столе Мицов и Александар Михајловски.