29/02/2024
Охрид

Конкурс за најдобра поетска творба посветена на Прличев

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 25 март, денот кога Прличев во Атина во 1860 година бил овенчан со „Ловоров венец“ распишува:

К О Н К У Р С

за најдобра поетска творба на тема:

За Прличев и Охрид каков што тој го сакал“

На конкурсот може да конкурираат ученици од општините Охрид и Дебрца и тоа во две категории:

Ученици од основните училишта VIII и IX одделение

Ученици од средните училишта

За секоја од двете категории и возрасти ќе се доделат: прва, втора и трета награда.

Поетските творби посветени на Прличев треба да се достават со име и презиме и училиште, одделение или клас на следната електронска адреса: serdar_ohrid26@yahoo.com  а авторството ќе се докаже со примерок од творбата.

Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата од вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Конкурсот трае oд 25 февруари заклучно со 15 март (понеделник) 2021 година. Творбите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

За изборот и доделувањето на наградите Библиотеката дополнително ќе извести.