Конкурс за најдобра поетска творба во чест на Анте Поповски – „Антево слово“
Меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“ годинава по вторпат го распишува конкурсот за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски – „Антево слово“. На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс истите ќе можат да бидат дел од авторите кои конкурираат за носечката награда на манифестацијата ‘Парнас – награда на Анџело ла Векија’.
Поезијата може да се испраќа до 15 ноември 2018 година.
Наградата „Антево слово“ е дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија ‘Парнас – награда на Анџело ла Векија’ е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку ‘Возвишена поезија’, духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас.
Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело ла Векија“, награда која е именувана по професор Анџело ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“, која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.
повеќе информации на е-маил: anteovoslovo@gmail.com