26/04/2024
Охрид

Конкурс за поетска творба, тема: Љубов

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, МаБиХ Македонија и Вера М Самарјанин, распишаа заеднички поетски конкурсот на тема: Љубов“.

Творбите треба да содржат најмногу 24 реда, да бидат нашишани на македонски литературен јазик, да бидат лекторирани и да ги содржат основните податоци за авторите: име и презиме и место на живеење.

Конкурсот е отворен до 1 мај, годинава а творбите треба да се испратат на е-маил: vbbitola@gmail.com

 Творбите од авторите кои нема да се придржуваат до пропишаната должина на песните и темата, нема да бидат разгледувани.

Комисија ќе направи селекција на творбите кои ќе влезат во стихозбирката. По издавањето на книгата, авторите ќе добијат по еден бесплатен примерок од книгата.


WebOhrid / 02.03.2022 / НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид