29/03/2024
Македонија

Корисниците на услуги дадоа највисоки оценки за работењето на АХВ

Корисниците на услуги на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во изминатите две години ја оценија работата на Агенција со оценки меѓу 4 и 5, покажуваат податоците од анализите за мерење на задоволството на корисниците на услуги, кои се спроведуваат во рамки на вреднување на перформансите на Системот за менаџмент со квалитет на АХВ, со цел да се утврди дали институцијата ги исполнила барањата на корисниците.

Врз основа на имплементираниот стандард ISO 9001:2015, Агенцијата за храна и ветеринарство секоја година спроведува мерење на задоволството на корисниците на услуги преку пополнување на анкетен лист од страна на корисниците на услуги на Агенцијата во кој се наведени пет критериуми: квалитет на услугите, однос на вработените кон корисниците на услуги, соработка на вработените со корисниците на услуги, исполнување на очекуваните барања и почитување на законските рокови за извршување на услугите. Секој од критериумите, корисниците на услуги ги вреднуваа со оценка од 1 до 5.

Во 2014 и 2015 година задоволството на корисниците на услуги се движеше меѓу 3 и 4, односно помеѓу добро и многу добро, додека во последните години особено 2017 и 2018 година, се бележи тренд на пораст на задоволството на корисниците, за што дефинираните критериуми се оценети со оцени меѓу 4 и 5, односно помеѓу многу добар и одличен. Во изминатите години, за критериумот почитување на законските рокови за извршување на услугите беа дадени најниски оценки од страна на корисниците на услуги во споредба со другите критериуми, за разлика од 2018 година каде овој критериум е највисоко оценет од сите пет критериуми. 
Анализата за мерење на задоволството на корисниците на услуги се спроведува од 2014 година, откога Агенцијата за храна и ветеринарство беше сертифицирана за стандардот ISO 9001 од страна на Quality Austria Виена.

Со механизмот на континуирано мерењето на задоволството на граѓаните како корисници на услугите, од година во година се подобрува работењето на сите организациски единици на Агенцијата, во насока на исполнување на барањата на корисниците на услуги.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги поддржува напорите на Владата на Република Македонија за обезбедување на квалитетна услуга на граѓаните на Република Македонија и во тој правец континуирано работи на подобрување на ефективноста и ефикасноста во работењето се со цел да бидат задоволени потребите и очекувањата на бизнис операторите и на граѓаните, кои се корисници на нашите услуги.