29/04/2024
Струга

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем

Денеска (27.08.2023) во ОВР Струга е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик.

Во службениот разговор Р.С. го признал делото, обезбедени се потребните докази и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.


WebOhrid / 27.08.2023 / ОЈО Струга