26/04/2024
Охрид

Кривична пријава за сопственици на правен субјект кои противправно поставиле лежалки и чадори

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Џ.(42) и Б.Ц.(40), двајцата од Охрид како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“.

Пријавениоте лица, како сопственици на правниот субјект, во периодот од 16.07.2022 до 31.08.2022 година, закупиле објект лоциран на крајбрежјето на Охридското Езеро, а потоа пред објектот, зазеле туѓа недвижност која со пропис е прогласена за имот за општа употреба-плажа.

Тука, противправно поставиле 120 лежалки и 50 чадори за сонце, за чие користење вршеле наплата.


WebOhrid / 30.10.2022 / СВР Охрид