27/04/2024
ОхридСтруга

Кривична пријава за шпедитер од Охрид

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Џ.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“ и против Ј.Ф.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Првопријавениот, вработен како шпедитер, набавил фалсификувана сообраќајна дозвола и увозна царинска декларација за патничко возило „Џип“ на која како сопственик го прикажал Е.П., по што ја приложил во Биро за метрологија и ЦВО Охрид. Второпријавениот, како сопственик, иако знаел дека возилото не може да се регистрира и знаејќи дека поседува фалсификувана документција, наведените исправи со невистинита сорджина ги употребил во Отсекот за управни работи Струга при поднесување на барање за регистрација на возилото.