29/03/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кој крадел во дисконт

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(34) од Струга.

Тој, казненото дело го сторил на 31 мај оваа година во дисконт лоциран на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга користејќи клешти со кои ја исекол железната решетка на задната врата од дисконтот. Потоа насилно ја отворил вратата, влегол во дисконтот, извршил пребарување и од касата одзел пари и 30 алкохолни и енергетски пијалоци.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Н.М. се стекнал со противправна имотна корист од 300.000,оо денари.